18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на јапонската економија од 1,6 отсто во вториот квартал

Пад на јапонската економија од 1,6 отсто во вториот квартал

jap pari2

Јапонската економија падна во вториот квартал од годината за 1,6 отсто во однос на истиот период лани и одново и се заканува рецесија, со што се доведуваат во прашање ефектите од „Абеномијата“.

Според првичната проценка на јапонските власти објавена во понеделникот бруто домашниот производ паднал во второто тромесечје и на квартално ниво, за 0,4 отсто, што пред се е последица на слабоста на извозот и домашната потрошувачка.

Падот на економијата беше очекуван, по силниот раст во првото тромесечје за 4,5 отсто на годишно ниво.

Јапонскиот министер за економија Акиро Амари рече дека падот на БДП-то е последица на намалениот извоз во кина и САД, како и слабоста на личната потрошувачка поради лошите временски прилики.

„Личната потрошувачка значително падна, а капиталните инвестиции беа слаби. Состојбата се чини дека е значително полоша од што прикажуваат податоците за БДП-то“, вели Такеши Минами, економист во Norinchukin Research Institute.

Слабоста на економијата и покрај исклучително поттикнувачката монетарна политика на јапонската централна банка, ги поттикна сомнежите во ефектите од „Абеномијата“.

Од крајот на 2012 година, кога постана премиер, Шинзо Абе води искличител но поттикнувачка економска политика, која аналитичарите ја нарекоа „Абеномија“. Таа вклучува зголемена државна потрошувачка, со истовремено олабавување на монетарна политика, при што јапонската централна банка откупува обврзници по примерот на американски Фед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП