5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на земјите од поранешна Југославија изнесува повеќе од 104 милијарди евра

Долгот на земјите од поранешна Југославија изнесува повеќе од 104 милијарди евра

yu slavi

Некогашните републики на поранешна Југославија отплаќаат долгови кои во конечната сума изнесуваат повеќе од 104 милијарди евра, од кои јавниот долг на Србија надминал 24 милијарди евра, додека пак долгот на Босна и Херцеговина (БиХ) изнесува четвртина од оваа сума, пренесуваат српските медиуми.

Целосниот износ на долгот е направен преку собирање на јавните долгови на денес самостојните држави, пишува „Вечерње новости“, со напомена дека пред распадот на СФРЈ во почетокот на 90-тите години, јавниот долг на целата таа држава изнесувал 20 милијарди долари.

Јавниот долг на Србија надминал 24 милијарди евра, но најзадолжени се Хрватска со 37 милијарди евра и Словенија со 30,7 милијарди евра. БиХ отплаќа четврина од долгот кој го има Србија, односно 6 милијарди евра, додека Македонија пак отплаќа седмина, односно 3,26 милијарди евра.

Долгот на Хрватска надминал 87 отсто од брутодомашниот производ (БДП), Србија 71,8 проценти, а Црна Гора пак, 54 отсто до БДП-то.

Во регионот пак најголем долг има Унгарија, кој изнесува 83,4 милијарди евра, додека Грција е вон конкуренција со 304 милијарди евра, односно 168 проценти од БДП-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП