20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлиматските промени закана за туристичкиот сектор во медитеранските земји

Климатските промени закана за туристичкиот сектор во медитеранските земји

medi

Климатските промени сериозно му се закануваат на туристичкиот сектор во медитеранските земји, како што се Шпанија, Италија или Грција, се предупредува во еден европски извештај за влијанието на климата врз туризмот.

Во студијата насловена како „Времето е клучно: прилагодувањата на туризмот на климатските промени во Европа“, се наведува дека поради климатските промени сончевиот југ на Европа би можел да стане помалку интересен за туристите, пишува британскиот весник The Independent.

Потоплите е посушни лета во јужните земји, како што е на пример Шпанија, може да доведат до почести суши, шумски пожари и губењето на дивите живеалишта во рамките на еден од сегментите на туристичката индустрија.

И додека јужните земји би можеле да загубат, оние посеверните, со умерени лета, би забележале пораст на приходите од туризмот. Најголемите губитници би биле Шпанија и Бугарија, а туристички бум би доживеале балтичките земји Латвија и Естонија, како и централноевропските Словенија и Словачка.

Тоа, сепак, не значи дека туристите би требало веќе да почнат да ги откажуваат летните аранжмани, бидејќи оваа студија се однесува на 2100 година. Иако тоа се чини далеку, експертите советуваат дека со соодветните мерки треба да се започне веднаш.

Процениле дека јужните медитерански земји би можеле годишно да губат до 0,4 отсто од својот бруто домашен производ (БДП). Во случајот на Шпанија, на пример, тоа претставува загуба од 5,6 милијарди евра. Од друга страна, пак, туристичките приходи на северот би пораснале, но само за околу 0,32 отсто од БДП-то, што значи дека континентот вкупно би бил во загуба.

Истражувањето што го спровеле Салвадор Бариос и Хуан Ибанез Ривас, исто така, предупредува дека промената на температурите би можела да влијае и на тоа кога и колку често луѓето ќе патуваат. Авторите на студијата велат дека туристите би можеле да го распоредат одморот порамномерно, во текот на целата година и да земаат покуси одмори за, на пример, да го искористат доброто време во другите годишни времиња, а не само во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП