13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМастерс Монтреал:Мари славеше над Ѓоковиќ

Мастерс Монтреал:Мари славеше над Ѓоковиќ

mrrr

Енди Мари ја освои титулата на Мастерс турнирот во Монтреал, тој во финалето по речиси три часа игра славеше над Новак Ѓоковиќ со 6:4, 4:6, 6:3.

Шкотскиот тенисер ја запиша 11-та победа против Ѓоковиќ во нивниот 28-ми меѓусебен дуел и воедно ја прекина серијата од осум порази која ја имаше во дуелите со српскиот тенисер.

Исто така Мари стигна до 35-та титула во кариерата, вкупно 11-та на турнирите од Мастерс серијата.

Британецот по освојувањето на титулата од понеделник се враќа на второто место на АТП листата.

Инаку Мари ја сопре и неверојатната серија на Ѓоковиќ од 12 победи во финалните мечеви на турнирите од Мастерс серијата.

Првиот сет го доби Мари со 6:4, тој направи два брејка, а еднаш го загуби својот сервис. Во вториот сет работите беа идентични со таа разлика што сетот му припадна на Ѓоковиќ.

Третиот сет Мари го отвори со брејк, потоа стигна до 3:0, а како решавачки за конечен триумф на Британецот се покажа петтиот гем кој траеше 18 минути и во кој Мари успеа да спаси шест брејк топки.

До крајот Ѓоковиќ успеа да спаси четири меч топки, но сепак Мари ја реализира петтата и стигна до победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП