23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се основа државно „Водостопанство“

Ќе се основа државно „Водостопанство“

aza

Владата, во петок, распиша оглас за избор на главен извршен директор на Акционерско друштво „Водостопанство“ на Република Македонија, информира во сабота, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Донесена е одлука за основање и функционирање на АД „Водостопанство“на Република Македонија кое ќе има клучна задача во делот на спроведување на структурните реформи и програмата на Владата 2015-2025, како и инвестиции на водостопанството.

„Ги охрабруваме сите оние кои веруваат во сопствените капацитети, кои имаат одлични организациски способности, се способни да работат тимски и се подготвени  за целосно да се посветат на оваа задача и да вложат силен ангажман и да се соочат со овие предизвици, да аплицираат на огласот кој трае до 31 август кој има за цел да отвори можност за што поголем број кандидати кои имаат искуство во областа од градежништвото, финансиите, земјоделството или правото“, рече Костадиновски.

Костадиновски информираше дека со почетокот на работата на АД „Водостопанство“, водостопанските претријатија кои постојат и водните заедници кои се уште се актуелни, ќе бидат затворени. Целата инфраструктура што е во нивна сопственост ќе премине во целосна надлежност на АД „Водостопанство“ на Република Македонија.

Водостопанските претпријатија, пак, кои имаа за цел да менаџираат со хидросистемите и водостопанската инфраструктура, како каналите за наводнување и одводнување, ќе функционираат како подружници и секој раководител ќе има обврска во делот на регионот за кој е надлежен да доставува програма и да изврши добро планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП