3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанците ја зголемија потрошувачката на нафтените деривати во Дебар

Албанците ја зголемија потрошувачката на нафтените деривати во Дебар

benzin4

За неколку пати е зголемена потрошувачката на нафтените деривати во дебарските бензински пумпи.

Според некои од сопствениците на пумпите, купувањето на нафтените деривати е особено големо од страна на албанските државјани, кои секојдневно се присутни во Дебар.

Албанскиот државијанин, Ситки Хоџа вели дека станува збор за многу поевтина нафта која се продава во Македонија во споредба со онаа која се продава во Албанија. Имено, според него, во Албанија еден литар чини 183 леки додека во бензинските пумпи во Дебар 112 леки, односно цената е поевтина за повеќе од 30 отсто. Исто така, бензините во Македонија се многу поквалитетни додава тој.

Во Дебар најчесто по гориво доаѓаат жители на соседните албански населени места како што се Макелара, Пешкопија, Булкиза и големиот број селски населби.

Од дебарските пумпи велат дека покрај полнењето на резерварите на автомобилите, албанските државијани полнат и големи канти кои потоа ги пренесуваат преку граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар.

Но, рапидното зголемување на продажбата на бензните во дебарските бензински пумпи е и поради тоа што во најзападниот дел на Македонија престојуваат и над шест илјади наши печалбари кои се на одмор во родниот крај. Повеќе од 2.000 е бројот на автомобилите со регистарски таблички на повеќе европски земји, кои се на печалбарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП