26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАKои се квалитетите на одличните тимови?

Kои се квалитетите на одличните тимови?

Successful-business-team-with

Сакате вашиот тим да работи подобро и да постигне поголем успех. Ова се нашите совети за тоа како треба да изгледа вашиот бизнис тим кој ќе биде одличен на секое поле. Обидете се да ги следите следните правила и со сигурност ќе бележите подобри резултати. Еве кои се квалитетите на одличните тимови:

1. Одличните тимови имаат лидер

Без разлика на тоа дали членовите на тимот доаѓаат од иста организација или од повеќе различни, секогаш мора да има означено лидер. Иако на тим лидерот му е потребен цел тим за остварување на резултати, сепак тој превзема целосна одговорност за резултатите на тимот.

2. Одличните тимови имаат мерливи цели

Тимската работа подразбира дека секој член од тимот точно ги знае целите кои треба да се постигнат. Ова е возможно само кога целта може објективно да се измери, што значи дека целта мора да биде мерлива. Затоа, на пример целта „Да се изгради подобар однос со клиентите“ е безвредна. Доколку кажете „Да се зголеми продажбата за 50 проценти“ тогаш таа е прецизна и разбирлива.

3. Одличните тимови имаат добро дефинирани цели

Секој член на тимот треба точно да знае што да прави на дневна база за тимот да ги постигне своите цели. Без оваа јасна одреденост, членовите на тимот ќе работат измешано и ќе си поставуваат ненамерни сопки. Затоа сите улоги во тимот мора да бидат јасно дефинирани.

4. Одличниот тим ги споделува ресурсите

За еден тим да биде успешен, членовите на тимот мора да сакаат да ги споделат сите ресурси кои им стојат на располагање и кои се потребни за остварување на одредена цел. Ова вклучува физички ресурси: пари, матерјали, канцелариски простор, компјутери, како и ментални ресурси: идеи, сугестии, ентузијазам. Кога тимот не споделува, тој е слаб и најчесто не успева.

5. Одличниот тим комуницира ефективно

Во зависност од целите и временската рамка, тимот треба да се среќава најмалку еднаш неделно, а доколку е потребно и почесто. Она што е поважно е дека тимот треба да комуницира на начин на кој секој член во тимот ќе разбере што се случува и што се очекува од него.

6. Одличниот тим е 100 проценти посветен

Посветеноста е важен дел од тимот. Тимот мора да биде посветен на целта и да работи на остварување на истата. Иако одличните тимови се посветени, ова не значи дека тие треба да ги жртвуваат приватните животи за тимот. Всушност, членовите на тимот ќе работат многу подобро кога нивните живот ќе бидат избалансирани.

7. Во одличниот тим нема место за его

Силно его е добро во многу бизнис ситуации, но не и во тимот. За еден тим да функционира ефикасно, индивидуалците во него мора да го контролираат своето его и да ги направат целите на тимот поважни од нивните лични цели, бидејќи големото его може само да му наштети на тимот.

Мора да се спомене дека овие „нешта“ не доаѓаат автоматски. Вие мора да бидете сигурни дека му оставате простор на тимот да се развие, а со тоа да биде и успешен, применете ги овие совети и слободно може да очекувате подобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП