4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBritish Petroleum навреден: Не манипулиравме со цените

British Petroleum навреден: Не манипулиравме со цените

bp oman

Британскиот енергетски гигант „British Petroleum“ ќе поднесе жалба на пресудата на американскиот суд, според кој оваа компанија во 2008 година манипулирала со цените на пазарот за гас.

Пресудата на америкaнската Федерална комисија за регулирање на енергетскиот пазар (FERC) е изречена пред некој ден, а од „British Petroleum“ порачуваат дека силно се противат на ваквата одлука, пренесува агенцијата Франс прес.

„Како што „British Petroleum“ соопшти на сослушувањето, тврдењата на FERC се целосно неосновани. Изведените докази потврдуваат дека трговците на „British Petroleum“ со природен гас не биле вклучени во пазарните манипулации“, изјави потпретседателот на „British Petroleum“ од одделението за комуникација и надворешни работи, Гуф Морел.

Во овој случај, во кој трговците на „British Petroleum“ се обвинети за манипулирање со цените на гасот и за нивно задржување на ниско ниво, „British Petroleum“ би можел да биде казнет со повеќе десетици милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП