28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота пренасочување на сообраќајот на улица „Маџари“

Во сабота пренасочување на сообраќајот на улица „Маџари“

ulica-skopje

Град Скопје ги известува граѓаните, дека од сабота, 15 август, поради реконструкција и проширување на улица „Маџари“, и тоа од крстосницата со улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Антон Попов“до крстосницата со улица„Финска“, ќе бидат пренасочени некои автобуски линии.

Така, автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија бр.„65В“, наместо по својата траса улица „Маџари“ продолжуваат по улица „Антон Попов“ се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжува по својата траса.

Автобусите на автобуската линија бр.„23“ се движат по улица „Маџари“,се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжуваат по улица „Антон Попов“ по својата траса. Истите траси ќе се користат и во обратна насока.

При измена на трасите ќе се користат постоечките автобуски стојалишта.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП