26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата го одобри третиот пакет помош за Грција

Еврогрупата го одобри третиот пакет помош за Грција

grcija-eu-eyyyyyyyyyy

Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната го одобрија во петокот третиот пакет меѓународна финансиска помош за Грција во вредност од 86 милијарди евра, по што челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер заклучи дека Грција „останува во еврозоната“.

„Денешниот договор ќе ги отстрани неизвесностите кои веќе предолго висат над оваа земја и еврозоната“, изјави потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домборовски, додавајќи дека договорот „ќе создаде нови работни места и ќе го обнови економскиот раст“.

Тригодишната програма за странска финансиска помош на Грција, трета во последните пет години во вкупна вредноста од повеќе од 320 милијарди евра, мора уште да ја одобрат националните парламенти на некои држави членки, вклучително и германскиот Бундестаг Грчкиот парламент по целовечерната дебата, благодарејќи на поддршката на опозициските конзервативци, го усвои договорот во петокот претпладнето.

„Договорот (за третиот пакет помош) е постигнат. Грција е и неповратно останува членка на еврозоната“, напиша на Twitter претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, откако Еврогрупата го одобри планот за финансиска помош на Грција од Европскиот механизам за стабилност (ESM) во вредност од 86 милијарди евра.

Рокот на отплатата на заемот од новата програма ќе изнесува 32,5 години, изјави по состанокот на советот на министри на земјите од еврозоната, неговиот челник Јероен Дијселблом. Додаде дека депозитите во грчките банки нема да бидат отпишани и нема да се користат за враќање на финансиската стабилноста на кредитните институции.

„Сметам дека во Меморандумот за разбирање (MoU) (пакетот услови за доделување на кредитот на Грција – з.м.) не се споменува ништо за тоа. Кога станува збор за депозитите, би сакале да дадеме јасно до знаење…. дека нема да бидат дел од рекапитализијата (на грчките банки). Тоа е многу важно за стабилизација на банките, за да се осигури тие да бидат отворени што е можно поскоро. Во принцип депозитите ќе бидат исклучени од тоа“, изјави Дијсеблум на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на Еврогрупата.

Програмата за помош на Грција инаку предвидува делекусежни економски и социјални реформи, како на пензискиот и здравствениот систем, либерализација на пазарот, реформи на јавната управа, елиминирање на даночната евазија, јакнење на финансискиот систем и буџетските цели за да се намали енормниот долг на земјата. Напредокот ќе се оценува на секои три месеца и програмата ќе се прилагодува согласно на тоа.

Грција веќе следниот четврток мора да ја плати ратата од долгот кон Европската централна банка од 3,2 милијарди евра. Доколку помошта до тогаш не биде достапна за Атина, постои можност да ѝ биде одобрен кредит за премостување.

Неколку министри за финансии од еврозоната бараа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да биде вклучен во програмата, сметајќи ја неговата техничка поддршка за клучна за спроведување на реформите. ММФ учествуваше во претходните две програми за помош на Грција, како и во преговорите за новата програма, но чека одлука за ублажување, односно за отпишување на дел од грчкиот долг, за што се зазема и Вашингтон, пред да одлучи дали ќе се вклучи во програмата.

„За тоа, меѓутоа, нема да се дискутира до октомври, дури откако програма за помош ќе биде спроведена, што е помалку ‘квака 22’, изјави финскиот министер за финансии Александар Стуб, чија земја е против отпишување на дел од долгот и чиј парламент мора да ја ратификува спогодбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП