26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУзбекистанска авиокомпанија воведува мерење на патниците пред лет

Узбекистанска авиокомпанија воведува мерење на патниците пред лет

uzbekistanska-aviokompanija

Узбекистанската државна авиокомпанија соопшти дека ќе почне да ги мери патниците со рачен багаж за да се прилагоди на меѓународните норми на летање, соопштено е во петок во Бишкек.

„Според правилата на Меѓународното здружение за авиосообраќај, авиокомпаниите ќе мораат да ги мерат патниците со рачен багаж заради безбедноста во сообраќајот“, наведе узбекистанската авиокомпанија, која го повлече соопштението од својата интернет страница по огромниот број телефонски повици за точноста на информацијата.

Авиокомпанијата на државата Самоа во Тихиот океан во 2012 година воведе тарифа на билетот во однос на тежината на патникот, за да се бори против дебелеењето на нацијата.

Некои филипински авиокомпании исто ги мерат патниците пред влез во авион, наведувајќи ја како причина безбедноста на авиосообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП