16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија: Суфицит од 450 милиони евра во државната каса

Бугарија: Суфицит од 450 милиони евра во државната каса

bugarijasofija

Бугарија во првите шест месеци од оваа година забележа вишок од 450 милиони евра во државната каса, соопшти министерот за финансии Владислав Горанов.

Според податоците на Министерството за финансии, на крајот на јуни се потрошени околу 7,7 милијарди евра, што е 47 проценти од планираните годишни трошоци.

Во однос на минатата година, трошоците во првата половина од годината се поголеми за 120 милиони евра или 1,6 проценти.

На крајот на првото полугодие од фискалната година резервите на Бугарија изнесувале 5,5 милијарди евра.

Според податоците на Националниот статистички институт, Бугарија во првите шест месеци од 2015 година го зголемила извозот за 11 проценти во однос на периодот јануари-јуни минатата година.

Во наведениот период извезла стока во износ од 11,2 милијарди евра, што е за 1,62 милијарди евра повеќе во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на официјалната статистика.

Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ, но истовремено една од економски најстабилните со мало учество на надворешна задолженост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП