Цената на нафтата се стабилизираше во петокот на светските берзи, а во фокус се зголемените залихи поради намалената рафинериска побарувачка и загриженоста поради глобалната понуда и забавување на кинескиот економски раст.
На лондонската берза со барелот се тргува по непроменета цена во однос на претходното затворање, од 49,21 долар. Позначителни промени нема ниту во однос на претходното затворање во САД, каде со барелот се тргува по 42,13 долари откако накратко потона на најниско ниво за шест ипол години, од 41,35 долари.
Американската берза вчера ја притисна извештајот дека залихите во клучниот јазол во Кушинг скокнале за 1,3 милиони барели во минатата недела поради поправки и намалената работа на рафинеријата во Витинг, која би можела.
„Сé додека рафинеријата во Витинг работи со намален капацитет, залихите во САД ќе растат“, толкува Робин Бибер од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates. Додава и дека движењето на цените на американскиот пазар се одвои од она во Лондон.
„Техничките основи на договорот значително се разликуваат од она што ја мати сликата. На американскиот пазар цената би можела да паѓа, а на другите да остане непроменета“, вели аналитичарот.
Од Goldman Sachs толкуваат дека светските пазари се под притисок од слабиот јуан, сигнализирајќи промена во светската економија, меѓу кои ќе доминира слабеењето на кинеската економија.
„Сметаме дека краен ефект на овие трендови ќе биде пад на цените“, истакнуваат.
Дополнителен товар за пазарот е континуираната прекумерна понуда, со проценка на аналитичарите дека цената на нафтата би можела да продолжи да се намалува се додека производството, особено во Северна Америка, не започне да се намалува.