17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо 15 од првите 100 технолошки милијардери се под 40 години

Само 15 од првите 100 технолошки милијардери се под 40 години

tehno milijarderi

Американски милијардери доминираат во првата листа на списанието „Fobres“ за најбогатите 100 луѓе во технолошкиот свет. Малку над половина од нив – 51 лице се од САД, а богаташите од Азија се 33 на број.

Милијардери од 15 држави спаѓаат во ова рангирањето. Вкупно 40 од 100-те најбогати во технолошкиот свет живеат во Калифорнија. Само осум од милијардерите во Европа спаѓаат во рангирањето за кое се неопходни барем 2 милијарди долари.

Топ 100 се дополнува со 2 лица од Блискиот Исток и 1 од Латинска Америка.

Со богатство од 79.6 милијарди долари, Бил Гејтс ја зазема челната позиција меѓу најбогатите. Гејтс ја напушти функцијата во Бордот на директори на „Microsoft“ во 2014-та година и продолжува да продава акции кои се во негов посед во компанијата која ја создаде со Пол Ален пред 40 години. Денес само 13% од богатството на Гејтс е формирано од „Microsoft“.

Далеку назад со богатство од 50 милијарди долари е Лари Елисон. Основачот на „Oracle“ минатата година ја напушти функцијата на извршен директор. Тој беше наследен од Марк Херд и Сафра Кац, додека Елисон ја зазема функцијата извршен претседател и главен службеник за технологија.

Третата позиција е за Џеф Безос, основачот на „Amazon.com“. Тој поседува 18% од онлајн продавачот кои се еднакви на богаството од 47.8 милијарди долари. Само од почетокот на 2015-та година богатството на Безос се зголемило за над 13 милијарди долари. Поскапувањето на акциите на „Amazon“ од јули месец, дури го постави нејзиниот основач во топ 10 на најбогатите луѓе во светот.

Во рагнирањето се уште ко-основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг со 41.2 милијарди долари, ко-основачите на „Google“, Лари Пејџ и Сергеј Брин и основачот на „Alibaba“, Џек Ма, кој само вчера загуби над 750 милиони долари.

Вкупното богатство на 100-те најбогати технолошки милијардери се проценува на 842.9 милијарди долари. Само седум жени се наоѓаат во рангирање, а најбогата од нив поседува 21.4 милијарди долари.

Просечната возраст на учесниците во рангирањето е 53 години, што е за 10 години помала од просечната возраст на сите милијардери во светот. Вкупно 15 од 100-те лица се на возраст под 40 години. Најмладиот од нив е основачот на „Snapchat“ Еван Спигел, кој има 25 година и веќе поседува 2,1 милијарди долари. Највозрасен пак е основачот на „Intel“, Гордон Мур кој има 86 години, а неговото богатство се проценува на 6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП