20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот во еврозоната благо забави

Растот во еврозоната благо забави

153958317655c233bc23c1d266340731_w640

Економскиот раст во еврозоната благо забави во вториот квартал, бидејќи е остварен раст од 0,3 проценти, додека во првиот изнесуваше 0,4 проценти, соопшти Еуростат.

Намалувањето на економскиот раст главно се очекуваше на финансиските пазари, наведува агенцијата АП.

Растот во еврозоната го предводи нејзината најголема економија, Германија, со 0,4 проценти, но во Франција, втората по големина економија, е остварен нулта раст. Шпанија и Грција остварија добри резултати со раст од еден процент и 0,8 проценти, додека во Италија и Холандија бил прилично низок – 0,2 и 0,1 проценти.

Во Финска е подолжена рецесијата со пад на БДП од 0,4 проценти , што дава малку надеж дека во земјата следната година ќе се врати растот, бидејќи 2012 и 2013 година беше забележан пад, додека минатата година економијата на финска стагнираше, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП