9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМесото, путерот и јајцата не се штетни за организмот, маргаринот е

Месото, путерот и јајцата не се штетни за организмот, маргаринот е

milk-and-eggs

Јадењето маргарин ја зголемува опасноста од равој на срцеви заболувања и предвремена смрт, но тоа не е случај кога се работи за путерот и јајцата, покажа најновото истражување, пренесуваат медиумите.

Научниците одамна откриле дека трансмасните киселини, индустриски произведени со термичка обработка на билно масло, кои се наоѓаат во многу производи, од маргаринот до брзата храна немаат никакво позитивно влијание на здравјето. Напротив, нивната консумација го зголемува ризикот од преуранета смрт за една третина.

За разлика од трансмасните, заситените масни киселини кои ги има во намирниците од животинско потекло како млекото и месото, не го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, ниту дијабетес тип 2, а нема опасност и од предвремена смрт, покажа последното истражување.

Иако британската влада на граѓаните им советува да го смалат внесувањњто на заситени масни киселини во организмот за да избегнат развој на срцеви заболувања, истражувањето чии резултати се објавени во British Medical Journal ја доведува во прашање нивната штетност за која до сега наголемо се зборуваше.

Водачот на истражувањето Расел де Суза, асистент на одделот за клиничка епидемиологија и биостатистика на канадскиот универзитет Мекмастер објаснува: „Трансмасните киселини лошо влијаат на здравјето и претставуваат ризик за развој на срцеви болести, но тоа не е случај со заситените масни киселини“.

Научниците анализирале 50 различни студии за тоа во која мерка типот масни киселини влијаат врз здравјето на поединецот и востановиле дека нема поврзаност меѓу конзумирањето намирници богати со заситени масни киселини и зголемениот ризик од мозочен или срцев удар.

Од друга страна, пак, трансмасните киселини се доведуваат во врска со зголемување на смртноста од 28 отсто од коронарни болести, и 21 отсто зголемен ризик од развој на срцеви болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП