14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот Никола Груевски во посета на компанијата Везе Шари

Премиерот Никола Груевски во посета на компанијата Везе Шари

tutu

Премиерот Никола Груевски заедно со Владини претставници вчера доцна попладне по обиколката на поплавените Тетовски села, ја посети и компанијата Везе Шари која од неодамна преку својата фирма ќерка Електрошари започна со производство на биогас.

Целта на посетата беше стимулирање на компаниите како Везе Шари и одржување на добрата бизнис клима, преку усогласување на мерките на Владата и потребите, односно барањата на бизнисмените.

„Постојано сме во комуникација со компаниите, прашуваме што им е неопходно да измениме во законската регулатива со цел да им се помогне, бидејќи на крајот сите економски мерки и политики се сведуваат како се реализираат на терен од една компанија. Се она што се прави за подобрување на бизнис климата дава резултати кај компаниите што имаат визија, разбирање на пазарот и потенцијал за извоз, а „Везе Шари“ е токму таква компанија“, изјави вицепремиерот задолжен за економските прашања при Владата на РМ,Владимир Пешевски.

Владата и помогна на компанијата при увозот на репроматеријали, при процесот за пренамена на земјиште, за новите вработувања, за добивање фидинг тарифа за производство на електрична енергија од биогас.

При посетата премиерот Никола Груевски нагласи дека Владата овозможи давање на фидинг тарифа на компанијата за биогас кој ќе се произведува во самата фабрика и од кој ќе се добива електрична енергија.

„Тоа секако силно ќе го зајакне капацитетот на фабриката и ќе придонесе за зголемување на бројот на вработени“, рече Груевски.

tutu

Сопственикот пак на Везе Шари, Абдурахмани истакна дека е задоволен од бизнис климата во Македонија.

„Везе Шари е присутна во Македонија од септември 2000 година и од тогаш не сме престанале да инвестираме. Ако не бевме задоволни немаше контиунирано да вложуваме. Нема да застанеме тука и ќе продолжиме да инвестираме во Република Македонија“, рече Абдурахмани.

Тој нагласи дека владините мерки за вработување му овозможиле порано од предвиденото да го достигне бројот на вработени во фабриката што го планирал.

„Планирав до крајот на 2015 година да стигнам до 100 вработени во комплексот Везе Шари, но со поволностите што ги нуди Владата за вработување бројот на вработени во компанијата на крајот на 2014 година изнесуваше 108“, додаде Абдурахмани.

Компанијата Везе Шари во 2000та година започна со одгледување на пилиња и фарма на несилки за производство на јајца, во 2005 година продолжи со инвестиција за производство на сувомесни производи кои од 2007 година почнаа да се продаваат под брендот „Лекер“, за да во 2013 година ја изгради и правата електроцентрала за биогас во Македонија – Електрошари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП