Цената на акциите на Волстрит зајакнаа во четвртокот, пред се на производителите на стоки за широка потрошувачка со оглед дека инвеститорите ги расположи податокот за пораст на прометот во американската малопродажба во јули.
Dow Jones зајакна 0,42 отсто, на 17.476 поени, S&P 500 за 0,29 отсто, на 2.092 поени, а Nasdaq 0,41 отсто, на 5.065 поени.
Прометот во американската малопродажба во јули порасна за 0,6 отсто на месечно ниво, што е над очекувањата на аналитичарите, кои во анкетата на Reuters во проценија дека растот ќе биде 0,5 отсто.
Индексот на производителите на потрошувачки стоки вчера зајакна за 1,2 отсто, и покрај тоа што овој податок ги зајакна мислењата дека Фед би можела да ги подигне каматните стапки уште во септември.
Сопре и падот на акциите во финансискиот сектор, кој во изминатите денови беше под притисок од девалвацијата на кинескиот јуан и шпекулациите дека Фед поради тоа сепак би можел да го одложи првото покачување на каматите во последните 10 години.
Од поединечните добитници се истакнува скокот на цената на акцијата на Cisco за 3,9 отсто, на 28,99 долари, со што производителот на мрежна опрема би остварил најголем дневен раст на акциите уште од февруари.
„Претходниот ден мислев дека берзата тргна со поволни купувања на акции од енергетскиот и индустрискиот сектор по распродажбите во претходните денови, но денеска ми се чини дека во целост ги занемаривме вестите за девалвацијата во Кина. Берзата е силна и изгледа дека ќе треба многу повеќе од тоа за да потоне“, оценува Ури Ландесман, претседател на управата во Platinum Partners.
Поголем раст на Волстрит ограничија енергетските акции, кои во просек се намалија за 1,3 отсто под притисок на цената на нафтата на американскиот пазар на ново најниско ниво во последните 6,5 години.