18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија зајакна за 0,4 проценти

Германската економија зајакна за 0,4 проценти

germanija-ekonomija

Германската економија, најголемата во Европа, зајакна во вториот квартал за 0,4 проценти, што е нешто повеќе во однос на претходните три месеци, но помалку од очекувањата на аналитичарите, покажуваат денес објавените официјални податоци.

Во периодот од април до јуни, германскиот бруто домашен производ е зголемен за 0,4 проценти, додека во првиот квартал порасна за 0,3 проценти, објави Националниот завод за статистика.

Аналитичарите во вториот квартал очекуваа економски раст за 0,5 проценти. Најголемо позитивно влијание врз германската економија врши надворешната трговија, односно растот на извозот благодарение на слабиот курс на еврото, пренесува агенцијата АФП.

Зголемена е и јавната потрошувачка, но инвестициите се на послабо ниво, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП