6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ зaгрижена поради економското забавување на Кина

ЕЦБ зaгрижена поради економското забавување на Кина

ECB

Европската централна банка (ЕЦБ) призна дека нејзиниот Управен совет е загрижен поради економското забавување на кинеската економија, и покрај тоа што ефектите од забавувањето на Кина засега се прилично ограничени.

„Развојот на финансиската ситуација во Кина може да предизвика негативни последици кои се поголеми од очекуваните, со оглед на важната улога на оваа држава во глобалната трговија“, соопшти Управниот совет на ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Сепак, ефектите од кризата во Грција и забавувањето на економскиот раст во земјите во развој, како Кина, сеуште се прилично ограничени, истакна Советот.

„Неизвесноста која произлегува од развојот на ситуацијата во преговорите за грчката програма и од влошувањето на економските и финансиските услови во одделни земји во развој, особено Кина, не остави забележително влијание на економската активност во еврозоната, што укажува на одреден степен на сила на тековното закрепнување“, наведува Советот.

Четири недели по секое заседание, ЕЦБ објавува записници од состанокот на Управниот совет, наведува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП