12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе уредува влезно-излезната сообраќајница во Штип

Се уредува влезно-излезната сообраќајница во Штип

vlez stip

Општина Штип започна со уредување на влезно-излезниот дел на Штип кај населбата Железничка.

Во четвртокот почна гребењето на асфалтот, како прва фаза од активностите по што ќе следи поставување асфалт, а потоа и конструкција на тротоарно-пешачки површини.

Уредувањето ќе биде се до подвозникот кој води до излезот за Три Чешми што значи обнова на сообраќајницата и кај Кампус 4 на УГД, со цел овозможување на безбеден приод на студентите до кампусот, но од друга страна и уредување на влезот на Штип кој со децении не беше среден онака како што доликува. Инвестицијата е во вредност од 200.000 евра и се поддршка од Владата на преку ЈП за државни патишта, а градежните зафати ги изведува „Македонија пат“ – Штип.

Со обновата, нов асфалт ќе има кај кружниот тек, ќе се уреди руинираниот премин преку пругата, како и сообраќајницата која е влез на Штип од Велес и Скопје. По асфалтирањето, општината со сопствени средства во висина од 60.000 евра ќе конструира тротоарно-пешачки површини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП