3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени 66 аптеки по селата за полесен пристап до лекови

Отворени 66 аптеки по селата за полесен пристап до лекови

Apteka-CENTRUM-PLUS

Вкупно 66 рурални аптеки се отворени во 38 општини и со нив се опслужуваат 130.000 жители, од селските средини, нагласи премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето на локалниот пат во Ратае.

„Го реализираме проектот за отворање рурални аптеки, кој е од голема важност за жителите зашто, наместо да патуваат километри за да ги набават потребните лекови, сега имаат можност тоа да го сторат во своето село или општина“, истакна Груевски.

Тој смета дека Министерството за здравство со овој проект одигра одлична улога на терен, помагајќи им на луѓето кои сакаат да отворат рурални аптеки.

Покрај руралните, отворени се и уште шест т.н. подвижни аптеки, што всушност се поголеми возила или камиони кои трипати во месецот ги обиколуваат помалите села и ги снабдуваат со потребните лекови.

Пет од руралните аптеки и четири од подвижните се наоѓаат во полошкиот регион поради бројноста на населението. Рурални аптеки има во Чајле, Здуње, Нераште, Сенокос и Палатица, а четирите подвижни аптеки покриваат 160 населени места.

„Проектот со подвижните аптеки е исто така многу успешен, но најмногу радува фактот што населението вели дека е задоволно и дека не трипати во месецот, туку секои три до четири дена возилата поминуваат во селата и ги снабдуваат луѓето со лекови“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП