19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајка кај Охрид го отежнува сообраќајот

Сообраќајка кај Охрид го отежнува сообраќајот

patista 309992

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево во близина на аеродромот во Охрид, сообраќајот се одвива отежнато и во колона, соопштија од Автомото сојузот.

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.

Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран.

Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен пат се корисити патот низ село Порој.

Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП