19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаврши поплочувањето на дебарското шеталиште

Заврши поплочувањето на дебарското шеталиште

debarsko-setaliste

Заврши поплочувањето со камен на дебарското шеталиште, кое има должина од 270 метри и површина од околу пет илјади квадратни метри, со што се комплетираше проектот финансиран од страна на локалната власт.

Според дебарскиот градоначалник Ружди Лата овој проект му дава нов изглед на градот по цели шест декади. Лата додава дека доброволно во изградбата на шеталиштето биле вклучени и десетина фирми од Дебар и Жупа.

Покрај поплочувањето со дебарски камен, поставени се и канделабри за јавно осветлување а на излезот од шеталиштето се гради кружен тек, кој позитивно ќе влијае на безбедноста на сообраќајот. Општина Дебар најавува и нов проект за уредување на градскиот парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП