20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски во посета на тетовско: Ќе работиме максимално сè до отстранување на...

Груевски во посета на тетовско: Ќе работиме максимално сè до отстранување на штетите

gruevski-tetovo

Десет дена по поплавите во тетовско, санирањето на штетите се одвива според ветеното. Активностите течат интензивно и во нив е вклучен целиот државен тим, рече во четврток премиерот Никола Груевски, по посетата на Шипковица.

Груевски, кој беше во придружба на вицепремиерот Владимир Пешевски и министрите за одбрана и за транспорт и врски, Зоран Јолевски и Владо Мисајловски, разговараше со жителите на селото, а го посети и локалниот Кризен штаб.

„Ќе работиме максимално, сè до целосно отстранување на штетите. Можете да сметате на нашата безрезервна поддршка. Тоа што го ветивме изминативе денови и го исполнуваме. Уште веднаш, првиот ден по поплавите струјата беше пуштена, а се донесоа и доволни количини вода“, напомена премиерот, откако ги праша жителите дали и колку се задоволни од работата на институциите.

Груевски воедно информира и за вчерашната владина одлука која предвидува првична помош од 30.000 денари за семејствата чии објекти беа оштетени, плаќање кирија и 160.000 литри нафта за потребната механизацијата за санација на штетите.

Помош, како што додаде премиерот, е обезбедена и за земјоделците кои до 26 август треба да ги пријават штетите.

Во рамки на посетата на тетовско, Груевски во четврток ги пушти во употреба локалните патишта Брвеница-Челопек, Долно Седларе-Челопек, Јегуновце-Ратае.

Потоа беше во посета на фабриката Везе Пари во Требош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП