16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија забрани увоз на храна од уште четири држави

Русија забрани увоз на храна од уште четири држави

hranahr

Русија ги додаде Албанија, Црна Гора, Лихтенштајн и Исланд на списокот земји од кои е забранет увоз на храна, земјоделски, месни и млечни производи, како одговор на западните санкции поради украинската криза, соопшти во четвртокот рускиот премиер Дмитриј Медведев.

„Покрај државите од Европската унија, Австралија, Канада, Норвешка и САД, од кои од август минатата година беа забранети набавки на одредени видови земјоделски производи, придодадени се и повеќе земји, како Албанија, Црна Гора, Исланд и Лихтенштајн….“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, потсетувајќи дека овие држави изјавија дека се приклучуваат на одлуката на 28-те земји членки на ЕУ да ги продолжат санкциите против Русија.

Медведев, пренесува агенцијата ТАСС, додаде дека споменатите земји ги аргументирале своите одлуки со тоа дека се обврзани да ги воведат санкциите против Русија според низата договори со ЕУ, но и оти смета дека тоа е само изговор „бидејќи бројни земји имаат слични договори со ЕУ но не учествуваат во санкциите“ против Русија.

„Така ова приклучување кон санкциите е свесен избор, што значи и подготвеност да се прифатат мерките за одговор од наша страна“, порача рускиот премиер и потсети дека руските санкции се на сила до 5-ти август 2016 година.

Проширениот список не ја опфаќа Грузија, каде што Русија воено интервенираше во 2008 година во интерес на двете отцепени рускојазични покраина Осетија и Абхазија, откако Тбилиси неодамна одби да им се придружи на западните санкции против Мосвка.

Медведев, исто така, на владината седница изјави дека ќе биде забранет увозот само на некои прехранбени производи од Украина до 2016 година, доколку стапи на сила економскиот дел од договорот за придружување меѓу Украина и ЕУ кој Киев го потпиша минатиот јуни.

„Се согласивме на Украина да ѝ дадеме уште време, до 1-ви јануари 2016година, за одлуки по прашањата за економската регулација… По овој период, доколку не можеме да постигнеме договор со посредство на Европската унија, а ја не гледам никакви знаци за тоа, ќе стапат на сила претходни донесените одлуки со коишто се воспоставува вообичаен режим на трговија со Украина и ембарго на прехранбени производство“, појасни Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП