22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката економија пораснала во вториот квартал

Грчката економија пораснала во вториот квартал

grcija soluce3

Грчката економија неочекувано забележала раст во второто тримесечје од 2015 година во контекстот на макотрпните преговори со меѓународните кредитори за новиот трет по ред пакет за финансиска помош и заканите за банкрот и излегување од еврозоната, покажаа објавените во четврток прелиминарни процени на грчката агенција за статистика ELSTAT.

Во периодот од април до јуни годинава, економските активности се зголемиле за 0,8 отсто во однос на претходните три месеца, проценуваат во ELSTAT врз основа на сезонски прилагодените податоци. Аналитичарите коишто ги анкетираше Reuters, пак, очекува исти процентен пад на активностите.

Во првите три месеца од годинава активностите стагнирале во однос на последниот минатогодишен квартал, со што статистичкото биро ја ревидираше претходната процена за нивен 0,2-процентен пад.

На годишно ново, грчката економија во вториот овогодишен квартал пораснала за 1,4 отсто, пресметале во ESTAT. Во претходното тримесечје активностите на годишно ниво пораснале за 0,5 отсто, покажуваат податоците.

Првата процена за вториот квартал не содржи детални податоци за уделот на поединечните сегменти во растот на активностите. Аналитичарите истакнуваат дека некои меѓу нив, како туризмот, покажале отпорност на неповолното влијание од повеќемесечните тешки преговори на Грција со меѓународните доверители за новиот пакет.

„Во вториот квартал поедини показатели на економските активности, вклучувајќи ги за потрошувачката, индустриското производство и туризмот, се покажа особено отпорни. Тоа го објаснува неочекуваниот податок за бруто домашниот производ (БДП) во второто тромесечје“, вели за Reuters Никос Магинас од National Bank.

Податоците ја поткрепуваат позитивната прогноза за годината во целина, додава Магинас, велејќи и дека е реално да се очекува пад на активностите за помалку од 2 отсто.

Според ткн неутрално сценарио, коешто грчките власти го утврдија во разговорите со меѓународните кредитори за третиот пакет финансирање, грчката економија во 2015 година би требало да са намали за 2,1 до 2,3 отсто. Договорот за новите 85 милијарди евра помош за Атина беше постигнат во вторникот, по речиси повеќе од шестмесечни тешки и неизвесни рпеговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП