Најзначајните индекси на европските берзи закрепнаа во четвртокот по 4-остотниот пад од почетокот на неделата, благодарение ан закрепнувањето на Волстрит и азиските берзи.
Околу пладне паневропскиот FTSEurofirst 300 индекс порасна за 1,6 отсто, по вчерашниот пад за 2,7 отсто.
Истовремено, лондонски Ftse индекс беше во плус 0,7 отсто, на 6.615 поени, а франкфуртски DAX за 1,7 отсто на 11.110 поени, а париски CAC за 1,84 отсто, на 5.015 поени.
Од почетокот на неделата цената на акцијата на европските берзи падна за 4 отсто, на најниско ниво во последниот месец, под влијание на неочекуваната девалвација на кинескиот јуан. Особено под притисок се најдоа акциите на извозниците како производителите на возила и луксузни производи.
Во меѓувреме, кинеската централна банка интервенираше на девизните пазари за да го сопре падот на кусот на јуанот, откако во претходните два дена го девалвираше за 3,5 отсто.
Најмногу денеска закрепнаа токму цените на акциите на автомобилските и компаниите за луксузни производи…
„По мислење е дека берзата погрешно ги протолкува настаните во Кина. Курсот на јуанот се движи кон слободно-флуктуирачки. Премногу се претера околу зборот „девалвација“ и берзите тоа го сфатија по 48 часа“, смета Шон Дарби, страег при инвестицискиот фонд Jefferies.