18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија најави построга контрола на увоз на холандско цвеќе поради сомневање во...

Русија најави построга контрола на увоз на холандско цвеќе поради сомневање во штетници

cveceto vene

Руските власти донесоа одлука да ја заострат контролата на увозот на цвеќиња од Холандија, поради сомневања дека со нив се увезуваат растителни штетници, поради што во јули беше привремено забранет увозот.

Москва кон крајот на јули го забрани увозот на цвеќе од Холандија, поради растителните штетници како што е калифорнискиот трипс, белата ‘рѓа и тутунскиот молец. Притоа, од надлежните европски тела беше побарано да се запре издавањето на фитосанитарните дозволи за извоз на холандското цвеќе, потсетува агенцијата ТАСС.

Шефот на агенцијата за контрола над увозот на земјоделските производи Руселкозазнадор, Алексеј Алексеенко изјави тогаш дека забраната е привремена мерка и дека ќе биде укината или продолжена по техничките консултации со надлежните тела на Европската унија.

„Испративме покани до седум земји од Европската унија на консултации, но не добивме одговор. Засега одговори само Латвија, а мораме да преговараме со сите“, изјави во Алексеенко.

На почетокот од август руските власти објавија дека ќе продолжат со увозот од оваа седмица, но во зависност од резултатите од лабораториските тестирања. Во понеделникот агенцијата соопшти дека во иднина сите пратки цвеќе ќе бидат проверувани, наместо досегашните случајни контроли. Агенцијата ТАСС, исто така, наведува дека не е познато кога ќе почнат консултациите за холандското цвеќе.

Силно изразената култура на подарување цвеќе во Русија го чини овој пазар на цвеќе вреден 2,5 милијарди американски долари, кој се зголемува со приближувањето на почетокот на школската година поради традицијата учениците да им подаруваат букети на учителите. Најмногу се увезуваат рози, хризантеми и лалиња. Дури 80 отсто од продажбата отпаѓа на увозните цвеќиња, а меѓу извозниците на рускиот пазар предничи Холандија којашто во првата половина од годинава во Русија извезувала цвеќе во вредност од 107 милиони евра. Според некои процени, тие бројки се и многу поголеми поради трговијата на црно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП