Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Реконструкција на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“

Време: 14:08

Датум: август 13, 2015

Категорија: ЕКОНОМИЈА

bulevar jane

Почна реконструкцијата на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“, во Општина Аеродром, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“, во должина од 475 метри.

„Во текот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ ќе се отстрани постојниот оштетен асфалтен слој, ќе се нивелираат 37 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, на местата каде што ќе се јави потреба ќе се обнови и носечкиот слој, по што на коловозот ќе се нанесе нов асфалтен слој `Сплит Мастикс` од еруптивно потекло на површина од околу 9.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи ќе се обнови дел и од велосипедската патека од двете страни на булеварот“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски изјави дека ова е уште една потврда дека добрата соработка со Град Скопје дава позитивни резултати за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што станува збор за исклучително фреквентен булевар.

„Нашата соработка во изградбата на сообраќајната инфраструктура ќе продолжи и во наредниот период, а Општина Аеродром исто така го искористи летниот период за реализирање на поголем број на проекти на улиците кои се под општинска надлежност. Така, неодамна во употреба беше пуштена новата улица „Анастас Митрев 3“ во населбата Мичурин, а започна и реконструкцијата на улицата „Горно Лисиче“ на потегот со вкупна должина од околу 1,7 километри“, изјави градоначалникот Коневски.

На втората фаза од проектот за реконструкција на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе работат екипите на градежната компанија „Ескаватори – МК“, каде инвеститор е Градот Скопје кој за овој зафат ќе потроши околу 17,2 милиони денари.

Во текот на реконструкцијата на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради што апелираме граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ЦГК: Имаме 536 пожарникари помалку од законски потребните

    ЦГК: Имаме 536 пожарникари помалку од законски потребните

    Денеска, 17 февруари 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци за бројот на пожарникари и за возилата на…

  • Нуркачите открија живеалишта на загрозен вид рак во Охридското Езеро(видео)

    Нуркачите открија живеалишта на загрозен вид рак во Охридското Езеро(видео)

    Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек” на дното на Охридското Езеро открија живеалишта на ракови полни со јајца. „Зимско февруарско нуркање. Наидовме на живеалишта од ракови…

  • Статистика: За една година лебот и житата поскапеле за 3,3 %, зеленчукот за 6,8%, туристичките аранжмани за 12,1 процент

    Статистика: За една година лебот и житата поскапеле за 3,3 %, зеленчукот за 6,8%, туристичките аранжмани за 12,1 процент

    Лебот и житата поскапи за 3,3 проценти, зеленчукот за 6,8 проценти, месото за 1,8 проценти, рибите и морските плодови за 2,1 процент. Трошоците за живот…

  • По минусните утрински температури, сончево и топло до 18 степени

    По минусните утрински температури, сончево и топло до 18 степени

    По минусните утрински температути, времето во текот не денов ќе биде сончево и релативно топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал…

  • Одлични резултати на #МојаНаграда во првите два месеци, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

    Одлични резултати на #МојаНаграда во првите два месеци, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

    Првите два месеци од приредувањето, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта…

  • Продолжува да расте бројот на заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија

    Продолжува да расте бројот на заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија

    Уште 67 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцез“, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирусот, изјави денеска јапонскиот министер за здравство…

  • Германската економија стагнира

    Германската економија стагнира

    Економскиот раст на Германија стагнираше во четвртиот квартал, а извозот е во пад, според германската агенција за статистика. Associated Press наведува дека економските проблеми на…

  • Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

    Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

    Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија Лијанг Ванијан. Тој рече дека…

  • ФИТР воведува нов механизам за поддршка на млади талентирани деца

    ФИТР воведува нов механизам за поддршка на млади талентирани деца

    Фонд за иновации и технолошки развој организираше консултативна дебата за новиот механизам за финансиска поддршка на младите креативци. ФИТР подготви „Правилник за финансиска поддршка на…

  • Претпладне умерено облачно, попладне сончево

    Претпладне умерено облачно, попладне сончево

    Во претпладневните часови времето ќе биде умерено до значително облачно, а попладне претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен…