Глобалната побарувачка за злато ослабeла во вториот квартал од оваа година поради падот на продажбата во клучните земји, како што се Кина и Индија, соопшти денес Светскиот совет за злато (WGC).
Вкупната побарувачка за злато изнесувала 915 тони, 12 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, главно поради падот на побарувачката во Индија и Кина“, наведува WGC, пренесува агенцијата Франс прес.
„Од друга страна, побарувачката во Европа и САД пораснала, главно благодарение на зајакнатата побарувачка за златен накит, плочки и златни парички“, наведува Заводот додавајќи дека очекува раст на побарувачката во Индија и Кина до крајот на годината.
Цената на златото во јули падна на најниското ниво во последните пет години на 1.072,35 долари за унца, а подоцна закрепна на 1.000 долари за унца. На цената на златото влијае и движењето на доларот.
Во Русија вкупната побарувачка за злато во вториот квартал е намалена за 45 проценти, на 9,2 тони, а за парите и плочките побарувачката била помала за 43 проценти и изнесувала 1,3 тони.
Уделот на Русија во вкупниот светски промет со злато бил само 1,5 проценти, додека во првиот квартал близу два проценти. Притоа, според количината која ја купиле централните банки, Русија ја задржа лидерската позиција. Во претходниот квартал, Банката на Русија имала удел од една четвртина во вкупната светска побарувачка на банките за злато (36,8 тони од глобалните 137,4м тони).