3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel ја зголеми продажбата за 14 проценти во вториот квартал

Henkel ја зголеми продажбата за 14 проценти во вториот квартал

henkel 38

Германската компанија „Henkel“ ја зголеми продажбата во вториот квартал оваа година за 14 проценти во однос на истиот период во 2014 година, профитирајќи од поволните девизни курсеви, како и од солидната побарувачка во сегментот на детергенти и индустриски лепаци на пазарите во земјите во развој.

Оперативниот профит (EBIT) на оваа групација, специјализирана за производи за широка потрошувачка, во извештајниот период изнесуваше 768 милиони евра, што е блиску до просечната прогноза на аналитичарите од 772 милиони евра, пренесува Ројтерс.

Истовремено, приходите од продажбата достигнаа 4,7 милијарди евра и исто така биле во согласност со очекувањата на експертите.

Од компанијата наведуваат дека оствариле значителен раст на продажбата во одделот за детергенти во Северна Америка, најмногу благодарение на растот на побарувачката за новите детергенти со висок квалитет. На истиот пазар забави продажбата за лепаци за градежништвото, електронската индустрија и индустријата за автомобили, кои инаку генерираат околу половина од приходите на оваа групација.

Од „Henkel“ потврдија дека за тековната година очекуваат органски раст (од основните дејности) на приходите меѓу 3,0 и 5,0 проценти, со стабилна оперативна маржа од околу 16 проценти, по 15,8 проценти во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП