26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно бавен раст на потрошувачките цени во Германија

Повторно бавен раст на потрошувачките цени во Германија

inflacija-rast-pad

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, благо забави во јули со раст на потрошувачките цени од само 0,2 проценти на годишно ниво.

Причина за бавниот раст на потрошувачките цени главно е падот на цената на енергијата, покажаа официјалните податоци во Берлин.

Индексот на потрошувачките цени претходно во јуни порасна за 0,3 проценти на годишно ниво, наведува Федералнито завод за статистика, Дестатис, а пренесува агенцијата Франс прес.

Конечните податоци на Дестатис ги потврдија прелиминарните податоци објавени на крајот на минатиот месец.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, кој како мерило за инфлацијата го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во јули забрза за само 0,1 проценти на годишно ниво, исто како и во месец јуни и е доста под целното ниво на ЕЦБ од близу два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП