10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнување на Волстрит благодарение на енергетскиот сектор

Закрепнување на Волстрит благодарение на енергетскиот сектор

berza1

Цените на акциите на Волстрит во средата попладне ги надоместија утринските загуби, благодарение на закрепнувањето на енергетскиот сектор и цената на акцијата на Apple, засенувајќи ја накратко загриженоста на инвеститорите поради втората последователна девалвација на јуанот.

Dow Jones го заврши тргувањето со минус од само 0,33 отсто на 17.402 поени, надоместувајќи го утринскиот минус од 300 индексни поени. Истовремено S&P 500 порасна 0,1 отсто на 2.086 поени, а технолошкиот сектор Nasdaq за 0,15 отсто, на 5.044 поени.

Инвеститорите се одлучија да купуваат акции на енергетските компании, кои во изминатите денови беа силно погодени со продажби поради девалвацијата на јуанот за 3,5 отсто, како и од падот на цената на суровините поради што се повеќе податоци сигнализираат забавување на кинеските економски активности. Индексот на енергетскиот сектор зајакна 1,9 отсто, што го поттикна целиот S&P 500 сектор.

Акцијата на Apple, за која Кина е клучен пазар, забележа вчера пресврт откако акцијата и потона за над 3 отсто, на најниско ниво од јануари. До крајот на тргувањето акцијата зајакна за 1,5 отсто.

Цените на акциите остро паднаа претходниот ден, откако јуанот допре најниско ниво за последните четири години кон доларот, откако кинеската централна банка ја девалвираше валутата поради поттикнување на конкурентноста на извозниот сектор.

„Кина е голема непознаница и во поглед на курсот и на економското забавување, а исто така и начинот со кој нејзиното раководство управува со ова. Денеска видовме позитивно расположение на берзата, барем краткотрајно“, вели претседателот на управата BB&T Wealth Management.

Меѓу сектори кои имаа најголем пад се издвои финансискиот, кој во просек се намали 0,8 отсто, бидејќи покрај неизвесноста поврзана со кинеската валута, прашање е и кога Фед би можел да започне да ги подигнува каматните стапки во САД, велат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП