23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто богатите Руси го сакаат Лондон?

Зошто богатите Руси го сакаат Лондон?

london1

Бројот на богати граѓани на Русија кои сакаат да добијат инвестициона виза во Велика Британија постојано се зголемува.

Русија е лидер според бројот на оние кои се подготвуваат да инвестираат повеќе милиони фунти на територијата на Британија со цел да добијат визни олеснувања.

Некои го толкуваат овој зголемен интерес за Британија, како резултат од изборите кои се одржаа минатата година во Русија, па сметаат дека граѓаните поради тоа побараа сигурна дестинација за своето богатство.

Овие специјални инвестициски визи се веведени во Велика Британија во 2008 година и тие обезбедуваат можност на најбрз начин да се добијат документи за престој во таа земја.

Повеќе од 60 проценти од објектите во Велика Британија, поскапи од 2 милиони фунти, се купени од странци. Новодојденците од Азија и од Блискиот Исток, но и од Африка, Лондон го доживуваат како „вратата од Европа“. Од вкупниот број на оние на кои им е одобрена „виза за милионери“ 24 проценти отпаѓа на Русите, 23 проценти на Кинезите, додека „инвестициони визи“ добиваат пет проценти од Африканците.

Според новите правила воведени во 2011 година, оние кои инвестираат најмалку 3 милиони фунти, можат да добијат „зелена карта“ во рок од пет години, а ако станува збор за поголема инвестиција, односно повеќе од 5 милиони фунти, тогаш зелената карта ќе ја добијат за помал временски период, односно за три години.

Најбогатите поминуваат како и секогаш најдобро – десет милиони фунти и документите пристигнуваат за само две години. Според британските правила од споменатата сума 25 проценти можат да се инвестираат во недвижнини, а сето останато мора да заврши во други проекти.

Повеќето најбогати граѓани во Русија имаат недвижен имот и сметки во Велика Британија каде што живеат нивните семејства, а во земјата доаѓаат само да го водат бизнисот и да заработуваат милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП