КОМПАНИИ

Kraft Hеinz најави 2.500 откази

66981572155cb6443718c6699419556_w640

Американскиот гигант „Kraft Heinz“ формиран со интегрирање на „Kraft Foods“ и производителот на кечап „Heinz“ најави затворање на 2.500 работни места во САД и Канада.

Компанијата настојува да ги намали трошоците по спојувањето во март оваа година.

Двете компании во март објавија програма за спојување вредна 46 милијарди долари, со која е создадена третата најголема прехрамбена групација во Северна Америка, пренесува Ројтерс.

Новиот ентитет за своја цел го утврди намалувањето на трошоците за околу 1,5 милијарди долари годишно до 2017 година.