26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВарифакис: Лудило ја обзема Европа!

Варифакис: Лудило ја обзема Европа!

varufakis

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, оцени дека програмата за мерки за штедење и реформи на која Грција се обврза, нема да ги даде посакуваните резултати.

,,Прашајте било кој што знае нешто за грчките финансии и сите ке ви кажат дека овој договор нема да успее”, рече Варуфакис.

Тој додаде дека тоа го признава и сегашниот министер за финансии на Грција, Еуклид Цакалотос, додека Меѓународниот фонд  ги крева рацете, бидејки програмата е базирана едноставно на неодржлив долг.

,,И покрај тоа сите работат на спроведување на оваа програма. Тоа покажува колкаво лудило ја обзема Европа”, заклучи Варуфакис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар