18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена фреквенција на возила на државните патишта

Зголемена фреквенција на возила на државните патишта

avtopat zakoni

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.

Коловозот на регионалниот патен правец Тетово-Јажинце кај село Порој е исчистен и сообраќајот на овој патен правец е целосно нормализиран за сите видови на возила.

Градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП