2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрената прогноза за побарувачка ја поттикна цената на нафтата

Подобрената прогноза за побарувачка ја поттикна цената на нафтата

nafta 94

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) ја зголеми прогнозата за побарувачката, потиснувајќи ја во втор план девалвацијата на јуанот и разочарувачките податоци за кинеското индустриско производство.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 30 центи во однос на претходното затворање, на 49,48 долари. На американската берза цените останаа речиси непроменети во однос на вчерашното затворање и со барелот се тргува по 43,28 долари.

Вестите од Кина денеска доминираат на светските берзи, откако кинеската централна банка повторно го девалвираше јуанот, втор ден по ред. Со тоа кинеската валута девалвираше за вкупно 3,5 отсто, најмногу од 1994 година. Кина е втор светски потрошувач на нафта и послаб јуан значи помала куповна моќ за производи чии цени се изразени во долари.

Изгледите за кинеската побарувачка ги поматува и разочарувачкиот 6-отстотен раст на индустриското производство во јули.

Во другите делови на светот, пак, побарувачката за нафта зајакнува, проценува IEA во последниот извештај. Започна процесот на обнова на рамнотежата на светските нафтени пазари, со оглед дека ниските цени на горивата поттикнаа екстра потрошувачка, толкува IEA и ја зголеми прогнозата за раст на потрошувачката во оваа година за 200 илјади барели дневно, на 1,6 милиони барели дневно. Тоа е најсилен раст за пет години, се напоменува во извештајот.

Сепак се предупредува дека процесот на врамнотежување веројатно ќе се пролонгира до наредната година.

Аналитичарите проценуваат дека светското производство на нафта ја надминува потрошувачката за три милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП