21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАBarracuda FX на почеток ќе вработи 90 лица

Barracuda FX на почеток ќе вработи 90 лица

barakuda22222

Ирската компанија Barracuda FX, која вчера најави влез во Македонија, за почеток ќе инвестира околу еден милион евра и ќе вработи околу 80 до 90 лица, а понатаму оваа бројка ќе продолжи да расте.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, по средбaта со претставници на водечкиот ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар

Целта е, од она што сега го има компанијата како главен производ за тргување на светските пазари, да се развијат производи во Македонија за другите сегменти во финансиското работење, појасни Пешевски.

Предвидено е компанијата да почне со работа следниот месец, а постапката за регрутирање на кадар веќе е започната.

Еден од основачите на компанијата, Морис Куран истакна дека лесно била донесена одлуката Македонија да биде избрана како дестинација за инвестиции поради одличните услови што ги нуди, посебно инфраструктурата, економијата и расположливиот кадар.

„Неколку пати до сега сме биле тука, благодарение на Invest in Macedonia, вицепремиерот, ние бевме поттикнати од она што го видовме, подеднакво од технолошки и професионални перспективи. Инфраструктурата во економијата покажува дека тука се случува масивен раст, се гледа дека економијата се подобрува, универзитетите произведуваат високо квалификуван кадар, кандидатите со кои се среќаваме и сме задоволни од тоа што го видовме. На крај ова за нас беше лесна одлука да дојдеме тука и навистина сме среќни“, рече Куран.

Barracuda FX испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финaнсиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП