18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во пад, Кина повторно го девалвираше јуанот

Европските берзи во пад, Кина повторно го девалвираше јуанот

berza e3

На европските берзи денеска продолжи продажбата на акциите откако Кина спроведе уште една девалвација на јуанот, а најмногу е погоден извозниот сектор, како автомобилската и индустријата на луксузни производи.

Паневропскиот FTSEurofirst 300 околу пладне беше во минус 2 отсто, откако во вторникот потона 1,7 отсто.

Истовремено, лондонски Ftse се спушти за 1,32 отсто, на 6.576 поени, франкфуртски DAX за 2,35 отсто, на 11.028 поени, а париски CAC за 2,7 отсто, на 4.962 поени.

Кина изутрината повторно го девалвираше јуанот, овој пат за 1,62 отсто, откако во вторникот неочекувано го спушти за два отсто. Така што вкупно во оваа недела го намали официјалниот курс на јуанот кон доларот за 3,5 отсто. Девалвацијата на јуанот е лоша вест за извозниците на кинескиот пазар, но е добра за кинеските извозници.

Ваквата политика на централната кинеска банка предизвика стравување од глобална валутна војна и обвинувања дека Пекинг му пружа нелојална конкурентска предност на својот подзабавен извозен сектор.

На европските берзи на удар на најголеми продажби се најдоа повторно германските производители на возила и европските производители на луксузни производи, со оглед дека Кина е нивен главен извозен пазар. Под притисок е и енергетскиот и рударскиот сектор, бидејќи Кина е водечки светски увозник на суровини.

Акциите на автомобилските компании во просек се намалија 3,5 отсто, а на производителите на луксузни стоки за 3,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП