17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски задоволен од ефектот од субвенциите на странските инвестиции

Пешевски задоволен од ефектот од субвенциите на странските инвестиции

peso

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во средата позитивно ги оцени ефектите од субвенционирањето на странските инвестиции во Македонија.

На ефектите треба да се гледаат дологорочно и во однос на целокупниот економски развој, рече Пешевски, додавајќи дека странските инвестиции носат многу повеќе работи за во иднина.

Самиот факт дека имаме раст на економијата, а зголемување бележи и бројот на вработени, зборува за позитивниот ефект на субвенциите за странските инвестиции, рече Пешевски.

Тој информираше дека Македонија во минатата година имала најголем пораст на вработени на ниво на странски инвестиции во Европа.

Етаблирањето како таргет-дестинација за инвестирање и доказот дека странски компании тука можат да работат успешно, укажува, дека Македонија веќе ја зацврснува оваа позиција, на дестинација на странски вложувања, и постепено, со развивање локални компании како снабдувачи, сегашните позитивни ефекти, ќе бидат уште попозитивни, рече Пешевски.

Тој нагласи дека во минатото во Македонија, не можеше да се забележи гринфилд инвестиција, туку само приватизации на компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП