14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПариз планира да ја легализира проституцијата?

Париз планира да ја легализира проституцијата?

paris-prostitucija

Продажбата на секс за пари е нелегална во многу земји во светот, но ако предлогот за укинување на законот помине кај францускиот Сенат, во Париз би можела проституцијата да стане легална.

Сенаторката Естер Бенбаса, член на Француската Партијата на зелените, побарала да се укине законот, кој во 2003 година беше воведен од страна на тогашниот министер за внатрешни работи Никола Саркози, а според кој нелегално е сексуалните работници да носат облека која открива премногу, и бараат клиенти на јавно место, пишува лондонскиот Економист .

“Законот досега се користеше за да се изолираат работниците, а не за да се прекине проституцијата. Да беше проституцијата забранета, јас се уште ќе бев за тој закон. На овој начин е  постигнат само спротивен ефект”, објасни Бенбаса.

На демонстрациите во Париз во текот на викендот се собраа околу 250 луѓе да бараат укинување на законот. STRASS – унијата на сексуалните работници, изјави дека постоечкиот закон води кон зголемено насилство и намалување на приходите.

Предлогот за укинување на законот најверојатно ќе помине во Сенатот, и за него треба да се дискутира на 28 март. Претседателот Франсоа Оланд и министерот за правата на жените Најат Вало Белкасем веќе го поддржаа овој предлог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП