22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна бројот на невработени лица во Британија

Порасна бројот на невработени лица во Британија

london-streets-jcue7rfy

Бројот на невработени во Велика Британија меѓу април и јуни изнесувал 1,85 милиони лица, што е раст од 25.000 лица во однос на претходниот квартал.

Канцеларијата за национална статистика (ONS) објави денес дека стапката на невработеност изнесува 5,6 проценти, пренесува BBC.

Заработката, вклучувајќи ги и бонусите меѓу април и јуни пораснале за 2,4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година.

„Ова е втор последователен квартал во кој сме регистрирале помал број на вработени лица, иако е прерано да се заклучи дека пазарот за труд се стеснува, сепак овие бројки со сигурност ја зајакнуват таа можност. Растот на платите сеуште е солиден“, изјави статистичарот на ONS Давид Фриман, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП