21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈуанот дополнително падна кон доларот за 1,62 отсто

Јуанот дополнително падна кон доларот за 1,62 отсто

juna-juani

Народната банка на Кина во средата повторно го намали курсот на јуанот кон американската валута за 1,62 отсто, на 6,33 јуани за долар, што е најниско ниво од септември 2012 година.

Во вторникот банката го снижи курсот на јуанот кон доларот за 1,9 отсто на најниско ниво а последните 20 години од 6,2298 јуани за долар, пренесе Тас.

Банката соопшти дека одлуката за оптимизација на методиката на пресметка на девизниот курс е донесена имајќи го во вид позитивното салдо на надворешната трговија на Кина и силната позиција кон останатите валути.

На сајтот на Народната банка беше објавено дека острото намалување на курсот на јуанот, од 1,6 отсто е поврзано со објавувањето ан статистичките податоци за јули и укажува дека, по краток период на колебање, пазарот ќе се стабилизира, а осцилации на курсот а јуанот постепено ќе се нормализираат.

Според податоците на државната права за статистика, обемот на извоз од Кина во јули е снижен за 8,9 отсто во однос на истиот месец лани.

Централната банка на Кина истовремено истакна дека јуанот нема економски ниту финансиски предуслови континуирано да се намалува во однос на доларот.

Сега постојат позитивни промени во кинеската економија, што обезбедува добра макроекономска основа за стабилизација на курсот на јенот, се наведува во документот.

Позитивното салдо на надворешната трговија на Кина претставува уште еден фактор кој го поддржува курсот на јенот. Сегашното колебање на курсот е природно и треба да се набљудува објективно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП