3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за животна средина обезбеди рехабилитација за 200 деца на Пелистер

Министерството за животна средина обезбеди рехабилитација за 200 деца на Пелистер

deca pelister 44

Министерството за животна средина и просторно планирање и годинава обезбеди седумдневна климатска рехабилитација на Пелистер, за децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично, а се резултат на историското загадување.

Активноста се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, а е во организација на Друштвото на родители за грижа на здраво поколение од Велес.

Втората смена која опфаќа вкупно 200 деца започнува во понеделник, 17 август, и финансиски е комплетно покриена од буџетот на Министерството.

Со неа се опфатени деца од Велес, с. Осломеј, с. Возарце и с. Миладиновци, како населени места кои се непосредено изложени на историското загадување од индустриските капацитети ОКТА, ОСЛОМЕЈ и ФЕНИ, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП