19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција обезбеди 85 млрд. евра заем од ЕУ и ММФ

Грција обезбеди 85 млрд. евра заем од ЕУ и ММФ

grcija-gr

Грција обезбеди заем во износ од 85 милијарди евра од Европската унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во наредните три години, соопшти функционер на грчкото Министерство за финансии.

Функционерот кој не сакаше да биде именуван рече дека грчките банки веднаш ќе добијат десет милијади евра за рекапитализација до крајот на годината.

„Владата на Грција не го прифати предлогот на кредиторите да ги искористи средствата од посебниот фонд за лоши кредити“, додаде изворот.

Маратонските разговори, кои започнаа во понеделникот изутрината во Атина, резултираа со договор, кој ќе и овозможи на Грција да избегне банкрот и остане во еврозоната.

По објавените информации дека договор е постигнат, берзанскиот индекс на грчките банки порасна за шест отсто.

Грчката влада и кредиторите постигнаа принципиелен договор минатиот месец за останување на Грција во еврозоната, а сега се утврдени деталите од договорот.

Грчките власти очекуваат договорот да биде ратификуван денеска или утре во парламентот и дека во петок ќе биде размотрен од министрите за финансии на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП