7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе реконструира „Наум Наумовски – Борче“

Се реконструира „Наум Наумовски – Борче“

ulica borce 333

Општина Центар соопшти дека ја започна реконструкцијата на улицата „Наум Наумовски – Борче“, на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Аминта Трети“(„Ленинова“).

Во првата фаза ќе биде реконструирана водоводот, во должина од 100 метри. Поради изградбата на нови згради на оваа улица, водоводот не можеше да го задоволи капацитетот, а за прв пат на дел од оваа улица ќе се постави и атмосферска канализација. Во втората фаза, општина Центар ќе уреди плоштад на крајот на улицата, кон „Партизански Одреди“, на површина од 400 м2, поплочен со павер-елементи и природен гранит.

Местото ќе биде разубавено со две големи жардињери со зеленило, нова урбана опрема, клупи, осветлување, а ќе има и површинско одводнување, како и ниско и високо зеленило. Ударните дупки, уништениот асфалт го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот, на што реагираа граѓаните, општината во третата фаза комплетно ќе ја асфалтира улицата, ќе ги нивелира шахтите и ќе уреди оштетените ивичници на улицата “Наум Наумовски – Борче“ и тоа на потегот од булеварот “Партизански Одреди“ до “Ленинова” (“Аминта Трети“).

Реализацијата на овој проект е дел од “Работното лето 2015“ на општина Центар, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП