Клучната причина за девалвација на кинескиот јуан е падот на кинескиот извоз, наведуваат аналитичарите. Во јуни извозот забележа пад за 8,3 oтсто на годишно ниво.
Падот на кинескиот извоз е предизвикан од намалената побарувачка на пазарите на главните кинески партнери: Eвропа, САД и Јапонија.
Па така кинескиот извоз во Европа во јуни, на годишно ниво, е намален за 12 проценти.
Кинескиот надоворешен дефицит во јуни достигна 43 милијарди долари.
Растот на кинескиот „БДП“ во последниот квартал изнесува 7 отсто и се прогнозира дека таков ќе остане во текот на целата година, што е најниска стапка на раст во Кина за последните 25 години.
Денеска беа објавени и податоците за состојбата на кинеската преработувачка индустрија кои ја потврдија потребата за кинеската девалвација. Во јули растот во обемот на преработувачката индустрија изнесува 6 проценти во однос јунските 6,8 oтсто.