10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдиницата за здравствено финансирање GE ќе ја продаде на Capital One

Единицата за здравствено финансирање GE ќе ја продаде на Capital One

ge capitol one

„General Electric“ (GE) објави дека ќе го продаде делот за здравствено финансирање во САД на „Capital One Financial Corp.“ за околу 9 милијарди долари, објави „Ројтерс“.

Неодамна „GE“ се раздели и со операциите во секторот на имотот за да се фокусира на својата основна дејност.

Договорот е дел од стратегијата на групацијата да ги продаде сите свои финансиски операции до крајот на годината. Се очекува трансферот да се случи до крајот на годината.

„Ројтерс“ уште минатата недела соопшти дека „Capital One“ е во ексклузивни преговори за стекнување на единицата за здравствено финансирање на „GE“. Се очекуваше сепак и други купувачи да конкурираат за бизнисот.

По трансакцијата „Capital One“ ќе се здобие со водечка позиција на пазарот на финансиски услуги во здравствениот сектор, коментира претседателот на компанијата Мајкл Слоукем.

Единицата нуди директни заеми за здравство, како и кредити за недвижности на операторите на домови за социјални грижи, старечки домови и медицински практики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП